Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит

паметен по своите помирувачки пораки меѓу Советскиот сојуз и Источна Германија, од една страна и Западна Германија, како членка на НАТО и ЕУ.

Пред да стане канцелар тој две години бил министер за финансии, а негов најголем предизвик во кариерата е справувањето со ултра левичарската организација „Фракција на Црвента армија“, која изврши серија убиства и киднапирања за време на неговиот мандат како прв човек на германската Федерална влада.

Хелмут Шмит е роден во Хамбург во 1918 година, а за време на Втората светска војна како војник на нацистичка Германија бил заробен од британската војска. Цели 68 години беше во брак со средношколската љубов Локи, која почина во 2010 година.