Почина поранешниот министер за внатрешни Томислав Чокревски

Денеска во Скопје почина проф.д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.

Беше  професор на Правниот факултет во Скопје, како и негов декан во 1991 и 1992 година. Од 1992 до 1994 година беше ректор на универзитетот „Свети  Кирил и Методиј“.

Покрај министерувањето во МВР, тој бил и министер во владата на Социјалистичка Република Македонија, односно републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре со почеток во 13 часот во Домот на АРМ (сала бр.4) ќе се одржи комеморативна седница.