Почина познатиот американски музичар Том Пети

Американскиот кантавтор и гитарист Том Пети починал минатата ноќ во Калифорнија, на 66 години, соопшти неговото семејство.

Во понеделникот наутро тој е пронајден во својот дом во Малибу без свест, по што бил пренесен во болница.

Почина мирно во 20:40 часот (по локално време) во присуство на семејството, пријателите и колегите од бендот, изјавил неговиот долгогодишен менаџер.

Пети е најпознат како фронтмен на групата „Tom Petty and the Heartbreakers“, а автор е на многу хитови како „American girl”, „Free Fallin“, „Refugee“, „Mary Jane’s last dance“…

Тој беше еден од основачите на групата Traveling Wilburys.