Почина познатиот британски актер Алан Рикман

Почина познатиот британски актер Алан Рикман
Почина познатиот британски актер Алан Рикман

Алан Рикман на помладата генерација и беше познат како професорот Снејп во филмовите на Хари Потер, меѓутоа како актер со уникатен шарм и харизма имаше богата и долга кариера.

Тој почина по долгогодишна битка со ракот, која се до неговата смрт беше држена во тајност.

Во текот на неговата речиси 40-годишната актерска кариера реализираше огромен број филмски, телевизиски и театарски проекти, а беше добро познат и по специфичниот тон на глас.

Кариерата ја започната на театарските сцени за потоа да продолжи на ТВ екраните и филмските платна. Во 80-те ја вчудоневиде американската публика играјќи го Ханд Грубер во „Умри машки“, а беше пак урнебесно смешен како Шерифот од Нотингам во „Робин Худ“ од 1991 – улога која му донесе признание на БАФТА.

Најчесто го играше негативецот, но ја покажа и својата нежна страна во филмови како “Truly Madly Deeply”, “Sense and Sensibility” и “Love Actually”.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.