Почина професорот Јане Миљовски

Во Скопје почина универзитетскиот професор Јане Миљовски, јавува телевизија Телма.

Тој беше министер во експертската Влада на самостојна Македонија. Од тогашниот Премиер Никола Кљусев ја доби задачата да го подготви концептот за трансформација на општествената сопственост и нејзина приватизација. Во првата политичка Влада беше вицепремиер и министер за финансии. Еден кус период и потпредседател на тогашниот владеечки СДСМ.

Др.Јане Миљовски беше професор на Правниот факултет на УКИМ и  ректор на приватниот Њујорк колеџ во Скопје. Миљовски беше роден на 1 мај во 1946 година.

Кон крајот на 8о-тесетите припаѓаше на групата млади интелектуалци кои беа ангажирани во демократизацијата на земјата,  воведување на парламентарната демократија и либералната пазарна економија.

Тој потекнуваше семејството на универзитетскиот професор Деса, а татко му Кирил Миљовски беше и член на МАНУ.

Пoгребот на проф. Миљовски ќе се изврши во вторник во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.