Почина Ранко Жеравица – легендата на југословенската кошарка

Почина Ранко Жеравица, еден од најистакнатите стратези на бившите југословенски простори

Жеравица почина поради срцеви проблеми на 85-годишна возраст, откако пред неколку месеци му бил вграден нов стент по преживеан срцев удар.

Тој беше предводник на југословенската кошаркарска репрезентација во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, освои многу медали, а во кариерата беше тренер и на Црвена Звезда, Партизан, Барселона и Сарагоса.

Во 2007 година, Светската куќа на кошарката (ФИБА) го вброи Ранко Жеравица во Куќата на славните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.