Почина раперот Продиџи

© AP Photo / Mark Lennihan

Раперот Продиџи, член на Mobb Deep, починал во вторникот во Лас Вегас во 42 година од животот, соопшти менаџерот на групата.

Музичарот бил хоспитализиран на неколку дена по концерт, боледувал од дрепаноцитоза, генетаска болест, од раѓањето.

„Со голема тага и неверица ја потврдуваме смртта на нашиот драг пријател Алберт Џонсон, кого милиони обожуватели подобро го знаат како Продиџи од легендарниот њујоршкиот рап дует Mobb Deep“, напиша менаџерот во соопштениет, истакнувајќи дека причината за смрта уште не е позната.

Дуото Mobb Deep, сотавен од Продиџи и партнерот Хавок, доживеа успех во 1990-те години со албумот „The Infamous“ и со композициите „Shook Ones“ и „Quiet Storm“.