Почина Реј Томас основачот на славните Moody Blues

Основачот на прославената рок група The Moody Blues, флаутист и пејач Реј Томас починал на 4-ти јануари на возраст од 76 години, четири месеци пред неговиот бенд официјално да стане член на Кучата на славните на рокенролот (Rock & Roll Hall of Fame) во Кливленд.

Во соопштението на дискографските куќи „Esoteric Recordings“ и „Cherry Red Records“ се наведува дека Рек Томас починал во неговиот дом во Сари, близу Лондон.

Не е наведена причината за смртта, но познато е дека Тома во 2014-та објави дека претходната 2013 година му е дијагностициран рак на простата.

Кариерата ја започнува на свирки во блуз групи во Бирмингем каде што во 1964 година со Мајкл Пиндер и Дени Лејн ја основа групата The Moody Blues. Со бендот настапуваше од неговото формирање во 1964 до 2002 година, кога се повлече поради нарушеното здравје.

Иако на почетокот групата главно се потпираше на блузот, набргу стана втемелувач на ткн прогресивен рик, а засекогаш ќе остане запаметена по хитот кој ги одбележа шеесеттите од минатиот век „Ноќи во бел сатен“(Nights in White Satin) во којашто Томас на флаута изведе антологиско соло.