Почина Рене Анжелил, сопругот на Селин Дион

Почина Рене Ангелил, сопругот на Селин Дион
Почина Рене Ангелил, сопругот на Селин Дион

Пејачката Селин Дион, објави соопштение во магазинот „People“, кои гласи: „Рене Анжелил,73, почина утрово, во својот дом во Лас Вегас, по долга и храбра борба со ракот.
На Анжелил за првпат му беше дијагностициран рак на грлото во 1999 година.

Во март минатата година, расплакано Дион откри дека нејзиниот сопруг не бил во можност ни да јаде и сите негови оброци ги добивал преку цевка.
Таа во интервју минатата година кажа дека нејзиниот сопруг се подготвува за неговата смрт, а конечната желба му била да биде со неа кога ќе почине.

rene-angelil-net-worth2

Дион се омажи за Анжелил во 1994 година, и со него има три деца; Рене-Чарлс (14), и близнаците Нелсон и Еди (5).

Анжелил има две возрасни деца од претходната врска; Ен-Мари, Патрик и Жан-Пјер.