Магазин

Почина сценаристката на „Е. Т.“

Почина сценаристката на „Е. Т.“
Почина сценаристката на „Е. Т.“

Поранешната сопруга на Харисон Форд и сценаристка, Мелиса Метисон,  почина по повеќемесечната борба со ракот. Тажната вест ја објави нејзиното семејство.

Американската сценаристка Мелиса Метисон, чие сценарио за култниот филм „Е. Т.“ беше номиниран за Оскар, почина во средата во Лос Анџелес во 66-тата година, по повеќемесечната борба со ракот, објави семејството на сценаристката.

– Мелиса имаше срце што блескаше со великодушност и љубов и жареше како и срцето што го даде во „Е. Т.“ – изјави Стивен Спилберг во пишната изјава што ја објави весникот „Вариети“

Метисон со Спилберг соработувала и на својот последен проект, филмската адаптација на романот на „БФГ“, која во киносалите ќе се појави во 2016 година.

Освен споменатите филмови, Метисон беше позната по сценаријата за филмовите „Црниот пастув“ (The Black Stallion) од 1979 година и „Мајстор на бегството“  (The Escape Artist) од 1982 година.

Метисон од 1983 до 2004 година беше во брак со Харисон Форд, со кого има две деца.