Почина синот на владетелот на Обединети Арапски Емирати

Синот на владетелот на Обединети арапски Емирати почина од срцев удар во саботата. Шеикот Рашид бин Мохамед бин Рашид ал Мактум почина на 34 – годишна возраст.

Во Обединети Арапски Емирати е прогласена тридневна жалост, поради смртта на најстариот син на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на Дубаи и потпретседателот на Обединетите Арапски Емирати и премиер.

Стотици роднини и претставници на власта се собраа во џамијата Забел во Дубаи за да искажат почит кон синот на владетелот.

Почина синот на владетелот на Обединети Арапски Емирати
Почина синот на владетелот на Обединети Арапски Емирати

Ковчегот на синот на владетелот, обвиткан во знамето на Емиратите, бил пренесен од страна на неговите браќа.

Неговите останки ќе бидат погребани на гробиштата Ум Харир во Бур Дубаи.

Денес го загубив најдобриот пријател и другар од детството, мојот брат Рашид. Ќе ни недостигаш, рече братот шеикот Хамдан бин Мохамед, крунисаниот принц на Дубаи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.