Почина скопјанецот кој во саботата беше претепан во кафеаната „Деспина“

Извори од Клиничкиот центар потврдија дека пациентот починал на Клиниката за неврохирургија, каде што бил примен на интензивно лекување.

Телото е однесено на обдукција.

Како што соопшти МВР, на 7 мај, во 11.45 часот, во Ургентниот центар било однесено лице со тешки телесни повреди, односно со скршени горна и долна вилица. Повредите настанале по тепачка.