Крими хроника

Почина скопјанецот повреден во тепачката во „Деспина“

Почина скопјанецот повреден во тепачката во „Деспина“

Утрово почина триесетгодишниот С.Б (30) од Скопје, кој беше повреден во саботата во тепачка во поранешната кафеана „Деспина“, пренесе Телеграф.мк.

Извори од Клиничкиот центар потврдија дека пациентот починал на Клиниката за неврохирургија, каде што бил примен на интензивно лекување.

Телото е однесено на обдукција.

Како што соопшти МВР, на 7 мај, во 11.45 часот, во Ургентниот центар било однесено лице со тешки телесни повреди, односно со скршени горна и долна вилица. Повредите настанале по тепачка.