Почина славниот италијански режисер Виторио Тавиани

Славниот италијански сценарист и режисер Виторио Тавиони, познат по соработката со својот брат Паоло, починал во неделата во Рим на 88-годишна возраст.

Како што пренесе агенцијата ANSA која ја добила информацијата од ќерката на режисерот Тавиани починал по долго боледување. Според неговата волја, неговото тело ќе биде кремирано на приватна церемонија.

Виториот и Паоло Тавиани станаа ценети имиња во италијанската и во светската кинематографија во 1960-те години, а последниот свој филм го издадоа минатата 2017 година.

Браќата Тавиони снимија заедно повеќе од дваесет филмови. Соработуваа повеќе од половина век, а нивното партнерство беше толку блиско што славниот италијански актер Мерчело Мастројани го нарекувашпе „Паоловиторио“.

Дебито на Тавиани како режисер е во 1962 година, кога на големите екрани беше премиерно прикажан филмот „Човекот кој мора да се уништи“ (Un uomo da bruciare). Филмот ја доби наградата на критиката на Венецијанскиот филмски фестивал.

На меѓународната цена нивниот филм „Padre Padrone“ од 1977 година ја освои Златната палма во Кан, а докудрамата „Цезар мора да умре“(Cesare deve morire), од 2011, ја освои Златната мечка на Берлоналето. Забележителен успех постигна аи со филот „Ноќта на Свети Лоренцо“ (La notte di San Lorenzo) од 1982 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.