Крими хроника

Почина Србинка на скопскиот аеродром

Почина Србинка на скопскиот аеродром

Шедесет и осумгодишната С.К. од Србија вчера починала во амбулантата на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Полицијата извести дека околу 19 часот таа и нејзиниот сопруг се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија.

По извршена пасошка контрола им било дозволено да остварат излез од земјава. Додека чекале да влезат кон влезот за во авионот на жената и се влошила здравствената состојба, по што била повикана медицинската екипа од аеродромот, кои ја пренеле во амбулантата на граничниот премин за да и пружат медицинска помош.

И покрај укажаната прва помош во 20.15 часот таа починала. По наредба на истражните власти нејзиното тело е пренесено во Судска медицина за обдукција.