Балкан

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Српскиот актер Небојша Глоговац (48), починал синоќа на Институтот за онкологија,  неофицијално објавија српските медиуми.

Тој во Клиничкиот центар бил примен пред два дена, со влошена здравствена состојба.

Глоговец и пред 10 дена бил итно примен на Институтот за онкологија. Тогаш медиумите пишуваа дека познатиот актер е тешко болен и се бори со рак на белите дробови.