Почина српскиот пејач Предраг Гојковиќ – Цуне

Доајенот на српската староградска и народна музика, Предграг Гојковиќ – Цуне почина денеска на 85-годишна возраст, јави РТС.

Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов – музиката.

Својата слава покрај со изведбата на староградски песни, Цуне ја стека и со интерппретацијата на народна музика, севдалинки, но и забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го добил поради реченицата што често ја користела неговата мајка: „Оди, мајка да те цуне (бакне)“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.