Почина старец при пожар во куќа во Лисолај

Битолската полиција извести дека вчера во 18.40 часот било пријавено дека во селото Лисолај, пламнал пожар во куќата сопственост на 84-годишниот Т.С..

Иако пожарникарите пристигнале за брзо време, тие не можеле да му помогнат на старецот кого го пронашле починат. По извршениот увид, со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот му е предадено на фамилијата за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.