Почина старец во пожар

Седумдесет годишен старец почина во пожар што избувнал во неговиот дом.  Пожарот избувнал вчера околу 18.30 часот во Прилеп на ул. „Јоле Андоновски“ во станот на 70-годишниот Р.Н.

Засега не се познати причините поради кои настанал пожарот, а старецот починал поради здобиени изгореници.

Пожарот е изгаснат, извршен е увид на  местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.