Почина трудница на Гинекологија поради сепса

На скопската Гинекологија вчера почина трудница во петтиот месец од бременоста откако дошла на Клиниката по претходна дијагноза дека во себе носи мртво бебе. Кај нејзе веднаш била констатирана сепса, но поради нејзината критична состојба и обилното крварење откако и бил изваден плодот, докторите не успеале да ја одржат во живот.

Триесет и осумгодишната трудница од скопско Рашче не правела навремени гинеколошки прегледи, а од извори дознаваме дека таа имала претходно неколку абортуси, бидејќи наводно носела женски деца, а сакала машко.

Телото на починатата е дадено на обдукција, а деталите допонително ќе се утврдуваат.