Почина убиецот на новинарката и снимателот во Вирџинија

Почина убиецот на новинарката и снимателот во Вирџинија

Осомничениот за  убиство на новинарката и снимателот на американската телевизиска мрежа „WDBJ7“, Вестер Фланаган, почина денеска во болница во Вирџинија, објави „Вашингтон пост“, цитирајќи полициски извори.

Флананган (41) пукал во себе и се здобил со тешки повреди, по полициската потера покрената откако тој за време на интервју во живо отворил оган кон новинарката и снимателот и локалната функционерка, која ја интервјуирале.

Полицијата во Вирџинија соопшти претходно дека за време на потерата осомничениот Фланаган доживеал сообраќајна несреќа, откако со автомобилот излетал од патот и е пронајден со прострелна рана.

Телевизијата (WDBJ7) јави дека е убиена новинарката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27), а дека интервјуираната извршна директорка на стопанската комора на областа „Смит Маунтин Лејк“ Вики Гарднер е погодена во пределот на грбот и е хоспитализирана.

Трагедијата се случила рано изутрината по локално време, во трговскиот центар во местото Бедфорд, кога се слушнале пукотници од огнено оружје по што новинарката, снимателот и нивните соговорници се обиделе да се скријат.

Телевизијата (WDBJ7) јави дека е убиена новинарката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27), а дека интервјуираната извршна директорка на стопанската комора на областа „Смит Маунтин Лејк“ Вики Гарднер е погодена во пределот на грбот и е хоспитализирана.

Убиството, буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарката и снимателот. Додека репортерката ја интервјуирала Гарднер одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја. Таа продолжила да работи и ги снимила нозете на напаѓачот, како и последните врисоци на новинарите.

Убиецот бил поранешен колега со жртвите

Претходно денеска гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија Тери Маколиф изјави дека осомничениот убиец на новинарката и снимателот од локалната телевизија, кои беа застрелани при директен пренос, бил идентификуван.

Тој истакна дека не станува збор за терористички напад, туку за кривично дело.

Фланаган, кој исто така работел во телевизијата како репортер една година користејќи го псведонимот Брис Вилијамс, претходно е отпуштен иако причините се уште не се познати.

Во текот на денот Фланаган на својот налог на Твитер под својот псевдоним ги објавил снимките на кои се гледа како на настраданите им приоѓа од зад грб и го насочува пиштолот кон нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.