Почина уште еден од повредените во терористичкиот напад во Ница

Во болницата во Ница вчера почина уште еден маж повреден во терористичкиот напад во Ница од пред три недели, кога радикален исламист со камион влета во толпата што го чествуваше Денот на падот на Бастилја, со што бројот на жртвите се искачи на 85.

Според медицинските извештаи, името на починатиот е Пјер Атерман. Неговата сопруга Франсоаз и синот загинаа во самиот напад, а неговата ќерка се уште се наоѓа во болницата.

Нападот во Ница од 14 јули го изведе Мохамед Булел, државјанин на Тунис, кој со камион влета во толпата и потоа беше убиен од полицијата. Одговорност за нападот ја презеде ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.