Почина затвореник од Идризово при транспорт до Клинички

Вчера во 23.11 часот во ЕИК Скопје, било пријавено дека околу 21.45 часот на пат од затворот Идризово кон Клинички Центар  во возило починал затвореникот Ш.З. (46) од с.Радожда, струшко.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.