Почина жена откако стоматологот и’ извадил 16 заби

Жена во САД почина на паркингот кај нејзиниот стоматолог откако претходно и’ биле извадени 16 заби, пишува „Дејли меил“.

На Ејприл Валтерс (46) требало да и’ бидат извадени 18 заби во Стоматолошката ординација Саутфилд во Мичиген во петокот поради инфекција. Сепак, кон крајот на зафатот на оваа мајка на едно дете срцето почнало мошне брзо да и’ отчукува со 130 отчукувања во минута, па така докторката Рана Рабан ја замолила сестра и’ на Ејприл, Кристал да ја пренесе во болница.

Сепак, само што стасале до паркингот, Ејприл се пожалила дека неможе да дише и се онесвестила, а во болница лекарите констатирале смрт.

Иако Валтерс била приморана постојано да биде приклучена на боца со кислород поради поголем број респираторни заболувања, како и поради дијабетес и болест на дишните патишта, нејзиното семејство вело дека таа се носела добро со нејзината состојба, која не била животно загрозувачка.

Сега, членовите на семејството на Ејприл бараат објаснување за тоа што се случило. Лекарката која што ја водела процедурата засега се оградува од коментари.