недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Почина бремената жена која беше повредена во сообраќајка кај Струмица

soobrakajka-strumica-640x415

Поврзани вести

Дваесет и девет годишната жена која пред два дена заедно со сопругот и шестгодишната ќерка имаа тешка сообраќајна незгода на излезот од Струмица почина, пишува Канал 5.

Жената била во вториот месец од бременоста. Нејзината шестгодишна ќерка и сопругот се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност на хируршкото одделение во Струмичката болница.

Инаку, сообраќајката се случи на патот Струмица-Дабиле, пред бензинската пумпа Лукоил каде директно се судрија со друг автомобил во кој имало уште едно семејство.

Увидот на полицијата и јавното обвинителство треба да ги утврдат причините за сообраќајката.

Најчитани вести