Починало петгодишно девојче

Петгодишно девојче починало во дворот од семејната куќа, вчера во скопската населба Злокуќани, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 15.36 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато петгодишно девојче од Скопје.

Детето починало додека се играло во дворот на семејната куќа, сопственост на таткото А.С.М..
Неофицијално, на телото на девојчето немало траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото девојче било предадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.