Починатото момче во Охрид било претепано до смрт

Дваесет и шест годишно момче е претепано до смрт во центарот на Охрид, објави Канал 5. Засега не е познато кој го претепал момчето. Тој бил студент пред дипломирање, а како што велат охриѓани бил мирен и повлечен.

Инаку, неговото тело во лежечка положба, рано утрово го забележале полициските службеници на улицата „Цар Самоил“ во Охрид.

Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид. На хирушкото одделение, биле преземени се мерки за медицинска помош но и покрај тоа, лицето починало.

По наредба на Јавен обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот. На улицата „Цар Самоил“, на местото каде беше забележано телото на сега починатиот, извршен бил увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.

СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.