Почна „Баскерфест 2016“

На плоштадот Македонија синоќа започна Фестивалот на уличен театар под отворено небо „Баскерфест 2015“ кој ќе трае до 19 јуни.

На плоштадот „Македонија“ и во повеќе градови низ државата ќе бидат изведени многу улични перформанси, баскер точки и музички настапи. Ќе настапат многу жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти и музичари.

Посетителите секојдневно од 19 часот до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд и Шпанија.

Програмата се одвива на три бини, а во вечерните часови планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина.

Фестивалот го отворија магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер. Фестивалот почна со парада од учесници на фестивалот што тргна од пред хотелот Бристол кон улицата „Македонија“ до плоштадот Македонија.

И годинава најмладите ќе имаат детска креативна работилница каде што ќе можат да ги покажат своите таленти, а новитет е „Галерија под отворено небо“ на која уметници од Македонија можат да ги изложат своите дела.

Во склоп на „Баскерфест“, вечер на „Градска Плажа Парк“ ќе се одржи и „One Day Fest“ забава со пена и учество на многу баскер артисти.

Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и е поддржуван со 900 илјади денари.