четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

Почна да се гради фискултурна сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“

АСУЦ „Боро Петрушевски“ досега немаше фискултурна сала и учениците наставата по физичко воспитување ја остваруваа во повеќе сали надвор од училиштето, пред се во салата на „Металург“ во Автокоманда, како и салата на СУГС „8 Септември“.

Почна да се гради фискултурна сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“

Почна да се гради фискултурна сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“

Последни вести

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, Соња Ристовска, денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи од првата фаза од проектот за изградба на фискултурна сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Со овој проект е предвидена изградба на нова фискултурна сала за потребите на АСУЦ „Боро Петрушевски“, која ќе се гради во дворот на средното училиште.

– АСУЦ „Боро Петрушевски“ досега немаше фискултурна сала и учениците наставата по физичко воспитување ја остваруваа во повеќе сали надвор од училиштето, пред се во салата на „Металург“ во Автокоманда, како и салата на СУГС „8 Септември“. Со изградбата на новата фискултурна сала за околу 930 ученици кој посетуваат настава во АСУЦ „Боро Петрушевски“ ќе се подобрат условите за одржување на настава по физичко воспитување, како и за спортување и рекреација на учениците на ова средно училиште, истакна градоначалникот Трајановски.

sala asuc

Директорката Ристоска изјави дека новата фискултурна сала ќе овозможи нормално одвивање на наставата по физичко воспитување и дека првата фаза од изградбата треба да заврши за 7 месеци.

Новата фискултурна сала ќе има приземје со вкупна површина од 1015 квадратни метри, како и кат со вкупна површина од 408 квадратни метри, или вкупната површина на новиот објект ќе изнесува 1423 квадратни метри. Објектот е долг 54,5 метри и широк 19,9 метри, додека висината изнесува 8, 6 метри. Новиот објект ќе има голема спортска сала, пинг-понг сала, мала гимнастичка сала, простор за реквизити, три гардероби, тоалети и просторија за професори.

Со првата фаза од проектот за изградба на фискултурна сала во АСУЦ „Боро Петрушевски“ е предвидено изградба на објектот до карабина, додека внатрешното уредување и опремување ќе се изврши во втората фаза.

За реализација на првата фаза од проектот за изградба на фискултурна сала за потребите на АСУЦ „Боро Петрушевски“, Град Скопје ќе издвои 10.859.769 денари, а градежните работи ќе ги изведува ГП „Гранит“.

Најчитани вести