Свет

Почна данскиот процес на годината, Мадсен упорен дека не ја убил новинарката Ким Вал

Почна данскиот процес на годината, Мадсен упорен дека не ја убил новинарката Ким Вал

Петер Мадсен, налудничавиот дански научник, обвинет за убиство на шведската новинарка Ким Вал во неговата подморница во август 2017 година и натаму е упорен во своите тврдења дека таа починала по несреќен случај, изјави во четвртокот неговата адвокатка.

Сослушувњето на Петер Медсен на судот во данската престолнина Копенхаген започна во 9,30 часот со голем интерес на медиумите и јавноста во цела Скандинавија.

„Мојот клиент се држи до тоа дека (Ким Вал) починала по несреќен случај“, изјави адвокатката Бетина Халд Енгмарк за данската телевизија TV2.

Четириесет и седумгодишниот Мадсен беше добро познат во Данска и пред апсењето. Беше познат како изумител кој мечтае за истражување на непознатите светови. Изгради своја подморицниа и планирал приватно патување во космосот.

Сега се соочува со можна доживотна затворска казна поради убиство со предумисла, сквернавење на покојник и сексуален напад врз Вал, која му правела друштво во подморництеа пишувајќи новинска репортажа за него.

Сослушањето започна во присуството на роднини на жртвата и многубројни дански и странски новинари, со изнесувње на особено грозоморни факти.

Обвинителот Јакоб Буш-Јепсен веќе објави дека има намера да бара доживотен затвор за Мадсен. Обвинението тврди дека станува збор за ткн „контрол фрик“ кој мечтаел за злоставувања, убивања и парчосувања на жени.

Се верува дека Мадсен ја врзал својата жртва пред да ја претепа, неколкупати ја избодел со нож во подрачјето на гениталиите и на крајот ја усмртил. Потоа го распарчил телото на својата жртва, а деловите, главата, рацете, нозете и торзото ги ставил во посебни вреќички кои врзани со тегови ги фрлил на дното од заливот покрај Копенхаген. Обвинителите сметаат дека сето тоа однапред го испланирал, бидејќи пилата, ножот, пластичните вреќички и теговите ги понел со себе во подморницата.

Уверени се, исто така, дека гледал фетишистички филмови во коишто жени се злоставувани, обезглавувани и живи палени. Иследниците, имено, такви филмови нашле во неговиот компјутер. Мадсен, пак, тврди дека тие не се негови.

Дванаесет денови од сослушувањето се предвидени до 25-ти април и треба да овозможат судот подобро да ја сфати личноста на осомничениот убиец и околностите во кои починала Ким Вал.

Со обукцијата не било возможно да се утврдат причините за смртта на 30-годишната Ким Вал, чиишто торзо без глава и екстремитети е пронајдено на неколку места во заливот Кога кој ги раздвојува Данска и Шведска.

Уапсен и затворен непосредно по исчезнувањето на младата новинарка, Мадсен од тогаш постојано тврди дека таа починала во несреќен случај, а дека тој во паника го распарчил нејзиното тело и го фрлил во морето.

Ким Вал, независната шведска новинарка исчезнала на 10-ти август вечерта во теснецот Оресунд, меѓу Данска и Шведска, додека пишувала репортажа за подморницата „Наутилус“ и нејзиниот творец Петер Мадсен.