Почна демонтирањето на буквите од скопскиот ародром

Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“.

Одлуката на Владата за преименување на автопатот и на аеродромот стапи во сила на 14-ти февраури , откако беше објавена во „Службен весник“.

Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е „во знак на добра волја и затоплување на односите“ со Грција.

Од операторот на аеродромот турскиот конзорциум ТАВ нема информации што ќе стои на местото на досегашните букви, ниту пак дали ќе се отстранува и споменикот на Александар што  стои во одделот за пристигнување на патници.

Владата на 4-ти февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport).

Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.

Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.

Промената на таблите на автопатот почна пред неколку дена.

Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27-ми декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски.  Две години подоцна, исто така со владина одлука, автопатот беше именуван „Александар Велики“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.