Почна изградбата на Александрија – нова Еко населба во Скопје

Почна изградбата на Александрија - нова Еко населба во Скопје
Почна изградбата на Александрија - нова Еко населба во Скопје

На простор од 150.000 м2, со вкупна градежна површина од 500.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек денеска започна изградбата на населбата Александрија, прва Еко населба во Скопје. Првите згради ќе бидат вселиви до јули 2017 година, а во комплексот планирано е да живеат 20.000 семејства.

Населбата Александрија ќе ја гради Фабриката Карпош. Проект-менаџерот на новиот проект и член на Управниот одбор на фабриката Александар Стефанов на свеченоста истакна дека новата населба ќе претставува прва од ваков тип кај нас, и ќе ги задоволи сите еколошки стандарди.

– Ние како фабрика во овој проект се вклучивме со сопствени финансии и ресурси за да ја изградиме оваа населба чиј камен темелник го поставуваме денес, рече тој. Градежниот Институт на Македонија активно учествувал во изработка на проектот на населбата, како и на цела техничка документација.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски рече дека е многу горд што ваква еколошка населба се гради во општината Ѓорче Петров.

– Сакам да изразам голема благодарност до Фабрика Карпош што активно придонесува кон подобрување на квалитетот на живот во нашата општина, изјави Митревски.

Името на населбата е на предлог на над триесетина граѓани, но за кум се смета Сашо Ендровски, чие име беше извлечено и кој доби гарсониера.  Клучот од гарсониерата му го врачи сопственикот на Фабрика Карпош и претсетдател на Надзорниот одбор Кире Стефанов.

добитник александрија Ендровски, објасни од каде ја добил идејата за името Александрија.

– Во моментов работиме на преводот на Каменот од Розета и древното македонско писмо, и се сетив дека каде и да одел Александар Македонски градел градови кои го носат името Александрија. Бидејќи кај нас нема ниту едно облежје со ова име сметав дека би било убаво населбата да го носи токму ова име, рече Ендровски.

Покрај станбени згради, предвидено е во населбата да има и голем број игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензински пумпи, градинка, и многу други содржини.

Населбата Александрија се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. За нејзината чистота говори и фактот дека во близина на населбата се наоѓаат и главните бунари за водоснабдување на Скопје како доплнение на Рашче.

Населбата е на пет километри од центарот на Скопје и е поврзана со постоечки и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.