Почна изградбата на фабриката на „Маркарт“ во Велес

Kомпанијата „Маркарт“ од Германија почна со изградба на фабриката во Велес, во која треба да се вработат 600 лица.

– Ова е прва странска инвестиција во Велес по 24 години. Изградбата треба да заврши во првиот кваратал од 2015 година, а по што ќе почне производство на автомобилски делови, истакна на прес-конференција Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес.

Фабриката се гради во новоформирана Индустриска зона Караслари, а ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили, како Мерцедес, Ауди и БМВ.

Според Мајсторов ова е историска пресвртница за Велес.

Германската групација Маркарт која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во девет земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица.