Почна изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино

Магистралната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри почна да се гради денеска.

За изградбата на оваа мрежа ќе бидат инвестирани околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“ заедно со уште четири компании – „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“.

DSC_8934

Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип чија изградба во должина од 61 километар заврши минатиот месец, а беа инвестирани 75 милиони долари.

DSC_8938

Се очекува изградбата на делницата Штип – Неготино да заврши до крајот на следната година.

DSC_9041

На почетокот на градежните активности присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и директорот на Македонски енергетски ресурси Крсте Миладинов.

DSC_8976

Во своето обраќање премиерот Димитриев оцени дека изградбата на националниот гасоводен систем е од огромно значење за државата, а ќе придонесе и за подобрување на економскиот раст и развој на сите региони.

DSC_9060

Реализацијата на овој проект ќе значи дополнително олеснување во работата на индустриските капацитети, на компаниите во нашата држава, бидејќи со гасификацијата директно се придонесува за подобрување на условите за производство поради поевтиниот енергенс што само по себе ќе продуцира и подобрување на конкурентноста и извозот на нашите производи во странство. Таквите процеси ќе овозможат нов развој на домашната економија, развој како на постоечките, така и на нови компании во различни индустриски гранки и ќе создадат нови работни места во нашата држава, нагласи Димитриев.

DSC_9095

Паралелно со изградбата на оваа делница во текот на следниот месец се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.

DSC_9102