четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Почна изградбата на нова спортска сала во струшко Лабуништа

Почна изградбата на спортската сала во ОУ „Мурат Лабунита“ во село Лабуништа, Струшко, која е дел од предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. На поставувањето на камен темелникот присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заменик министерот за образование и наука Спиро Рситовски, министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Владо Мисајловски и Диме Спасов.

Gruevski-labunista

Поврзани вести

Почна изградбата на спортската сала во ОУ „Мурат Лабунита“ во село Лабуништа, Струшко, која е дел од предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. На поставувањето на камен темелникот присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заменик министерот за образование и наука Спиро Рситовски, министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Владо Мисајловски и Диме Спасов.

Груевски потсети дека во минатото два пати бил поставуван камен темелник за изградба на спортска сала во Љабуништа на неподготвен терен и без дозволи, а сега тоа е средено и потпишан е договор за градба. Тој рече дека за реализацијата на проектот имаше проблеми со дозволи од општината поради што беше изменет Законот за градење со цел да се издејствува да почне градбата.

Изградбата на салата и амбулантата беа најголемите барања на жителите на Лабуништа и со промени на закони и преземање на сите можни мерки се реализираат овие два капитални проекта, исткана лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Изградбата на спортската сала според министерот за транспорт и врски беше еден од најкомплицираните проекти за што многу помогна локалното население.

Станува збор за еден исклучително тежок терен каде што ќе се гради спортската сала. Првично е изработен проект за рушење на ридот, ќе се прави потпорен ѕид околу 11 метри кој ќе обезбеди гаранција околу салата, рече Мисајловски кој  очекува заради пристапноста на теренот салата да биде готова за година и половина.

Проектот ќе се реализира со средства од Министерството за образование во износ од 42 милиони денари, а дополнителни 12 милиони денари ќе бидат вложени за изградба на потпорен ѕид од 11 метри и за расчистување на теренот.

Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика. Инаку, во ОУ „Мурат Лабуништа“ променети се и прозорите преку инвестиција од 5 милиони денари на Министерството за образование и наука.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изврши увид на градежните работи на спротската села во Основото училиште во селото Дрслајца, објект кој бил почнат да се гради во 1983 година, но неговата изградба застанала до темели и столбови и по повеќе од 30 години продолжи да се гради преку МОН за што се инвестирани над 23 милиони денари. Салата е прв спортски објект во Дрслајца со големина од 650 метрти квадратни, плус помошни простории од 300 метри квадратни и треба да биде готова до 1 септември годинава. Покрај учениците ќе биде користена и од локалното население околу кое гравитираат  жителите од селата Ложани, Мороиште и Враниште.

Најчитани вести