ВИДЕО: Се гради спортска сала во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“

Штитениците од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“, Скопје за една година ќе добијат нова модерна спортска сала. Денес и официјално беше назначен почетокот на изградба на овој објект, од кој ќе имаат директна корист како штитениците на Домот, така и жителите на општина Центар, бидејќи во слободните термини оваа сала ќе може да се издава.

Салата ќе биде комплетно опремена за многу видови спортови и вежби

На отпочнувањето на градежните работи присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, пратеници во Собранието на Република Македонија, советници во општина Центар…

Досегашните услови во оваа јавна установа ниту од далеку не ги задоволуваа потребите на децата за спортување и за правилен физички развој и физичко воспитување. Проблем кој до неодамна постоеше во голем број училишта во Република Македонија. Во 2006-тата година затенавме состојба каде во училиштата и спортото не беше направена значајна инвестиција со децении. Поради тоа на многу места часовите по физичко беа одржувани во дотраени објекти со искршени реквизити, без соодветна изолација или греење, со кровови кои протекуваа, подигнати паркети и сето тоа ако воопшто имаше спортска сала. Онаму каде што немаше во зимските денови воопшто немаше никакви часови по физичко воспитување, рече премиерот.

Како што рече, владата сметала дека ваквата состојба барала брза и одлучна реакција, и како резултат на тоа произлегле бројни проекти за изградба на повеќе проекти низ цела држава.

Дел од работите што недостасуваат за овие деца државата неможе да ги надокнади, но дел од нив може
Дел од работите што недостасуваат за овие деца државата неможе да ги надокнади, но дел од нив може

Спортската сала, во Домот за деца без родители „11 Октомври“ по многу долго време ќе им овозможи на децата соодветни услови за спортување и за рекреација. Според плановите таа ќе располага со гардероби, санитарни јазли и со централно греење. Во неа ќе има услови за играње ракомет кошарка, мал фудбал, гимнастика, одбојка, пинг – понг и други спортови, односно салата ќе биде комплетно опремена за многу видови спортови и вежби.

Вкупната инвестиција изнесува нешто над 28 милиони евра. Салата со димензии од 40 на 20 метри освен што ќе биде користена од децата на Домот, ќе може во слободните часови да се издава, со што Јавната Установа ќе може да остварува пиход и да ги пренасочи средствата онаму каде што ќе бидат потребни, а на тој начин и граѓаните од околината да ја користат истата.

Во општина Центар досега се изградени две вакви сали, а третата е во фаза на градба. Исто така, премиерот најави дека се планира изградба на три спортски сали во училиштата „Методи Митевски Брицо“  и „Кочо Рацин“ и дополнителна мала сала за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Дел од работите што недостасуваат за овие деца државата неможе да ги надокнади, но дел од нив може

Премиерот меѓу другото се осврна и на другите проекти кои се насочени кон помош и поддршка на децата без родители, како што се десеткратното зголемување на еднократната парична помош, паричната помош за студенти, распределбата на социјални станови, зголемувањето на социјалната помош за згрижувачките семејства, како и програмата Д 10 преку која досега 143 деца без родители добиле вработување.

Свесни сме дека има уште многу што да се направи, но верувам дека работите се движат во вистинска насока и дека успејавме во изминатите неколку години да оствариме значителен прогрес на ова поле. Оваа спортска сала верувам дека ќе биде максимално искористена. И од дечињата кои што се во оваа установа, како и нивните воспитувачи, така и од луѓето што живеат во околината, кои што, колку што знам немаат во близина спортска сала, а знам добро затоа што поминав 20 години токму во оваа зграда од мојата лева страна и доста добро го познавам овој терен, оваа населба, но и животот на оние што живеат тука кои што живеат тука во оваа установа, нивните секојдневи проблеми, не само оние кога ние политичарите ќе дојдеме за Нова Година или за Божиќ, туку пред тоа и потоа. Знам како им недостасуваа многу работи, дел од нив државата неможе да ги надокнади, затоа што се дел од нивната судбина, но дел од нив може да го надокнади, рече Груевски.

Како што најави премиерот, спортското игралише во склоп на Домот ќе биде проширено и надоградено, со што на децата ќе им бидат овозможени услови за спорт и рекреација и во летниот период.

Спасески: Спортот не е и несмее да биде привилегија само на одбраните

Директорот на АМС, Марјан Спасески нагласи дека оваа спортска сала ќе биде изградена по сите европски и модерни стандарди, а во целост ќе ги задоволи потребите на најмладите.

Спасески: Спортот не е и несмее да биде привилегија само на одбраните
Спасески: Спортот не е и несмее да биде привилегија само на одбраните

Затоа што спортот не е и несмее да биде привилегија само на одбраните и само на богатите луѓе, напротив спортот мора да биде достапен за секого, секому и секаде подеднакво, рече тој.

Нагласи дека токму во таа насока се и капиталните инвестиции на на Владата на Република Македонија во спортот, во спортската инфраструктура,  кои се реализираат преку Агенцијата за млади и спорт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.