понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Почна донаторската конференцијата за Сирија, Меркел вети 2,3 милијарди евра

Донаторската конференција има за цел собирање средства за долгорочна економска помош на лицата, кои се раселени поради судирот во Сирија и за поддршка на земјите, кои ги примиле мигрантите. Се очекува да бидат собрани околу седум милијарди долари.

Почна донаторската конференцијата за Сирија, Меркел вети 2,3 милијарди евра

Почна донаторската конференцијата за Сирија, Меркел вети 2,3 милијарди евра

Последни вести

Во Лондон почна донаторската конференција посветена на Сирија, а германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија планира да издвои 2,3 милијарди евра помош за таа земја до 2018 година, пишува МИА.

– Германија само оваа година ќе издвои 1,1 милијарда евра, нагласи Меркел.

Домаќин на донаторската конференција насловена како „Поддршка на Сирија и регионот 2016.“ се британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, норвешката премиерка Ерна Сулберг, кувајтскиот емир шеикот Сабах ал Ахмед ал Сабах и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Најавено е учество на повеќе од 70 држави и невладини организации.

Донаторската конференција има за цел собирање средства за долгорочна економска помош на лицата, кои се раселени поради судирот во Сирија и за поддршка на земјите, кои ги примиле мигрантите. Се очекува да бидат собрани околу седум милијарди долари.

Кризата во Сирија трае речиси пет години, а во судирите, според проценките на ОН, загинале 250 илјади лица, а ранети се 1,2 милиони. Хуманитарна помош е потребна за 13,5 милиони лица, речиси половина од населението е раселено, при што само лани се раселени 1,2 милиони, а бројот на сириските бегалци моментално изнесува 4,2 милиони.

Најчитани вести