Свет

Почна конгресот на републиканците во САД на кој Трамп ќе биде избран за претседателски кандидат

Почна конгресот на републиканците во САД на кој Трамп ќе биде избран за претседателски кандидат

Во американскиот град Кливленд почна конгресот на Републиканската партија на САД на кој Доналд Трамп ќе биде официјално објавен за кандидат на партијата за претседателските избори на 8 ноември.

На првичните избори Трамп победи 16 кандидати и обезбеди неопходен број делегати на конгресот. За денеска е предвидено прифаќање на партиската програма за претседателските избори.

Се очекува утре Трамп да биде прогласен официјално за кандидат на републиканците.

Неговиот избор за потпретседател – Мајк Пенс, се очекува исто така утре да биде одобрен.