четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Почна лидерската средба

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна лидерската средба. Лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе разговараат за исполнување на договорот од Пржино од 2 јуни/15 јули.

liderska

Поврзани вести

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна лидерската средба. Лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе разговараат за исполнување на договорот од Пржино од 2 јуни/15 јули.

Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, според партиски најави, ќе разговараат за прашањата кои се закочени, а кои произлегуваат од договорот од Пржино како изборот на тројца експерти во Државната изборна комисија и медиумските реформи, но и за други прашања исто така поврзани со исполнување на овој договор.

На средбата ќе присуствуваат и олеснувачот во меѓупартиските разговори, белгискиот експерт Питер Ванхауте, како и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Премиерот Груевски е придружуван од министерот за здравство Никола Тодоров и заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошкоски, Заев од Шекеринска, Ахмети од Муса Џафери и Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу.

Последната средба на партиските лидери се одржа на 5-ти ноември, исто така, во Клубот на пратениците.

Најчитани вести