Почна меѓународниот младински турнир во ракомет

Почна меѓународниот младински турнир во ракомет
Почна меѓународниот младински турнир во ракомет

Петтиот по ред Меѓународен младински турнир во ракомет вчера беше отворен со дефиле на клубовите учесници на плоштадот во Автокоманда. Турнирот ќе трае до 19. август.

На овој турнир во ракомет силите ќе ги одмерат 20 екипи од 12 клубови од Македонија, Србија и од Црна Гора, во машка и во женска конкуренција. Во овој турнир вкупно учествуваат  повеќе од 300 ракометари. Натпреварите ќе се играат со спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ и во салата „Расадник“ во Кисела Вода.

Организатор на Меѓународниот младински турнир во ракомет во сала „Скопје 2015“ е Ракометниот клуб „Работнички“ од Скопје.

Градот Скопје е покровител на турнирот и финансиски ја поддржува неговата организација со 70.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.