Почна периодот на неизвесност за Каталонија и за Шпанија

Ден по прогласувањето на независноста на североисточната шпанска автономна покраина Каталонија, на што централната влада во Мадрид одговори со воведувањето на директната управа над покраината, долготрајната криза во Шпанија во саботата влегува во нова аза со многу неизвесности.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој го отстрани челникот на каталонската влада Карлес Пучдемон и потпретседателот Ориол Жункерас и им нареди на шпанските министерства да ги преземат должностите на каталонските министерства. Ова директно управување би требало да трае два месеца до предвремените парламентарни избори во Каталонија коишто Рахој ги најави за 21-ви декември, иако првично се наведуваше дека според членот 155 од шпанскиот устав со чијашто примена се суспендира автономијата на покраините, распишувањето на вонредни избори треба да се одржи за шест месеци.

Меѓутоа, воопшто не е јасно да ли предвремените избори за нов состав на парламентот на Каталонија воопшто да ја разрешат кризата. Имено, една анкета којашто пред една седмица ја објави каталонското издание El Periódico покажа дека резултатите веројатно би биле слични на оние од последните избори спроведени во 2015 година, кога коалицијата на партиите за независност ја формираа малцинската влада. Коалицијата „Заедно за Да“, составена од десниот центар и од левицата, на патот кон прогласувањето на републиката ги поддржуваше антикапиталистичката партија Кандидатура на народното единство (CUP) со којашто имаат мнозинство во парламентот.

Некои претходни анкети покажуваа дека Каталонија е поделена, како и дека околу 50 отсто од населението се за независност, додека другите 50 отсто се против излегувањето од составот на Шпанија. На референдумот, кој уставниот суд го прогласи за нелегитимен и спротивен на уставот, и покрај акцијата на шпанската интервентна полиција и на Цивилната гарда кои затворија барем половина од избирачките места и одземаа голем дел од изборниот материјал, излегоа 2,3 милиони од 53, милиони избирачи со право на глас, од кои 90 отсто избраа воспоставување на самостојна република. Заговорниците на останувањето во Шпанија не излегоа на избирачките месата. Одѕивот на гласачите од 43 отсто е еднаков на излезноста на референдумот во Хрватска во 2012 година за влегување во Европската унија што следеше една година подоцна. Но Брисел во петокот повторно го поддржа Рахој и се спротистави на независноста на Каталонија.

Врз основа на резултатите од референдумот коалицијата „Задно за Да“ и CUP изгласаа независност на покраината во којашто се произведуваат петтина од сите стоки и услуги во Шпанија. Од советите на повеќето каталонски градови е отстрането шпанското знаме, а десетици илјади луѓе на улиците на поздравија одлуката на парламентот. Засега сето тоа се одвива без инциденти.

Поборниците на независноста ги повикаа жителите на граѓанска непослушност во однос на мерките кои ги прогласи Мадрид. Службениците добија упатства како да пружат мирен отпор. Непознато е дали барањата ќе бидат исполнети. Владата на Рахој порача дека нема насилно да реагира туку ќе дејствува со „мирни и умерени“ мерки, но исто така непозната е како ќе постапи доколку сегашната каталонска администрација одбие да ги напушти канцелариите .

Неизвесно е и како ќе реагира полицијата. Дел од аналитичарите стравуваат дека та може да резултира со апсења и помали конфликти, особено доколку реагира шпанската национална полиција. Таа заедно со шпанската Цивилна гарда присилно ги отстрануваше граѓаните кои мирно со своите тела ги штитеа влезовите на избирачките места во текот на референдумот од 1-ви октомври оневозможувајќи изнесување на гласачките кутии. Но тогаш избувнаа безредија во коишто имаше околу илјада повредени на двете страни.

Еден од главните проблеми за воведувањето директна контрола е каталонската автономна полиција Mossos d’Esquadra, којашто во текот на референдумот одби да ги спречи граѓаните да гласаат, оглушувајќи се на налогот од судот. Рахој рече дека генералниот директор на каталонската полиција е отпуштен. Меѓутоа, дел од каталонската полиција која ја поддржува независноста порача дека ќе го одбие налогот на силите за спроведување на редот од Мадрид и нема да учествува во сменувањето на актуелните каталонски министри и пратеници. Се чини дека 17.000 каталонски полицајци се поделиле на оние кои ја поддржуваат независноста и оние кои сакаат да бидат дел од Шпанија, бидејќи во оваа покраина живеат 18 отсто население кои се изјаснуваат за Шпанци.

Шефот на каталонската полиција Жозеп Љуис Траперо, кј е под истрага поради непослушност во текот на референдумот, ќе мора да дејствува по наредбата на новите надредени. Доколку биде потребно, Мадрид каталонските полицајци ќе ги замени со шпанската национална полиција и Цивилната гарда донесени од другите краеви на земјата.

Шпанското министерство за економија веќе ја презема контролата над каталонските финансии блокирајќи ја употребата на јавните фондови за организирање на референдумот и активностите поврзани со независноста. Тоа сега директно ги уплатува парите на основите јавни служби на Каталонија. Според новите мерки, Мадрид ја презема целосната контрола над финансиите, Во страв од зголемување на даноците во текот на новата администрација, или по отцепувањето што го прошири владата во Мадрид, ногу компании ги преместија своите седишта од Каталонија, Можно е, пак, поборниците на независноста да престанат да плаќаат данок во шпанскиот буџет.

Шпанската влада иницијално најави пред една седмица и преземање на контролата над јавната каталонска телевизија TV3, но на крајот се откажа од тој план. Медиумите може да имаат важна улога во претстојните денови, а пристрасноста и во известувањето е забележана и од двете страни, и во Барселона и во Мадрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.