недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 11

Почна пресметката со терористите на ИД – Ирачката војска влезе во Фалуџа

Ирачката војска ја почна операцијата за напад на Фалуџа, упориштето на Исламска Држава во близина на Багдад, велат воени претставници од првата линија на фронтот, пренесува „Гардијан“.

faludza-1

Последни вести

Ирачката војска ја почна операцијата за напад на Фалуџа, упориштето на Исламска Држава во близина на Багдад, велат воени претставници од првата линија на фронтот, пренесува „Гардијан“.

Како што се наведува, единиците се обидуваат да напредуваат кон градот, а се слушаат пукотници и експлозии.

Портпаролот на ирачката елитна против-терористички служби велат дека нивните припадници влегле во градот од три правци.

Ирачката војска со поддршка на парамилитарните сили што ги поддржува Иран, на 23-ти мај ја почна операцијата за повторно заземање на Фалуџа.

Тие прво ја засилија опсадата на градот што се наоѓа 50 километри западно од Багдад, а сега го почна и директниот напад.

Во јануари 2014-тата година Фалуџа стана првиот ирачки град што падна во рацете на припадниците на ИД, а шест месеци подоцна тие прогласија калифат над територијата што ја заземаа во Ирак и Сирија.

Инаку, војската на САД пред неколку денови соопшти дека во ваздушните напади во Фалуџа е убиен командантот на ИД во тој град.

Најчитани вести