Почна протестот на ГДОМ: Се пеат патриотски песни

Граѓаните предводени од ГДОМ пеејќи патриотски песни се упатија кон седиштето на СДСМ, за да го изразат својот револт од помилувањето на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

Над 20.000 луѓе, мирно и достоинствено застануваат зад тоа да има избори на 5 јуни, но не се согласуваат со аболицијата на Заев и Верушевски.

За разлика од насилните протести организирани од СДСМ и СОРОС, за кои веќе има информации дека се повторно се насилни и се судруваат со полицијата, 20.000 луѓе предводени од ГДОМ со патриотски песни во еден глас на мирен начин го изразуваат своето незадоволство движејќи се кон седиштето на СДСМ.

-Не можат да разберат дека за нас Македонија е светост. За нас Македонија е се што имаме, ние не можеме да прифатиме да ја урнисаат и оцрнат Македонија, порача денеска Александар Пандов на мирниот протест предводен од ГДОМ.