Почна распитот на првоосомничениот во „Тврдина“

Во Кривичниот суд во Скопје почна распитот на првоосомничениот во случајот „Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство. На распитот присуствуваат и обвинители од Специјалното обвинителство.

Како што денес беше посочено на прес конференцијата, вчера СЈО најпрво побарало претрес на домот на првоосомничениот, а откако за тоа не добиле судска дозвола, побарале и притвор, што исто така било одбиено од судот.

Тој дава исказ пред судија на претходна постапка. Специјалното обвинителство го сомничи за учество во незаконско уништување на опрема за прислушување и злоупотреба на службена должност во предметот „Тврдина“.