Почна со реализација проектот „Македонија вработува 2“ – Вклучете се!

Компаниите веќе можат да аплицираат за проектот „Македонија Вработува 2“. Од 1-ви јули, односно од петокот почна реализацијата на мега проектот на Владата, што се одвива под мотото „Борбата за нови работни места продолжува“. Во рамки на втората фаза од проектот планирано е да се отворат од 15.000 до 20.000 работни места со што ќе се зададе финален удар на невработеноста во земјава.

Вработување за пет категории на граѓани

Со овој пакет мерки повторно се предвидува  ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица од пет категории.

Македонија вработува 2- Борбата за работни места продолжува
Македонија вработува 2- Борбата за работни места продолжува

Првата се невработени млади до 35 години, за кои работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси и персонален данок три години. Работодавачот е должен да ги задржи на работа  уште 12 месеци по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање придонеси.

Втората категорија се долгорочно невработени од 35 до 50 години, за кои има ослободување од придонеси пет години. Работодавачот е должен да го задржи работникот најмалку 6 години.

Со третата категорија се опфатени невработени над 50 години за кои ослободувањето од придонеси е 60 месеци.

Четвртата категорија се невработени над 58 години, за кои работодавачот е ослободен од плаќање придонеси до пензија.

Петтата категорија се невработени лица со социјален ризик. Ослободувањето од плаќање на придонеси е пет години. 

АВРМ: „Македонија Вработува 2“ – Вклучете се!

Од АВРМ  ги повикуваат граѓаните и компаниите да ги искористат поволностите кои се нудат и да аплицираат во Центрите за вработување при Агенцијата за вработување на Република Македонија при што, оттаму нагласуваат дека остануваат максимално отворени да одговорат на сите потреби и прашања поврзани со проектот.

АВРМ: „Македонија Вработува 2“ – Вклучете се!
АВРМ: „Македонија Вработува 2“ – Вклучете се!

Наш приоритет е поблиска соработка со бизнис секторот така што крерираме мерки за вработување согласно вашите потреби кои треба да ви овозможат развој на бизнисот и заштеди, отворање на нови работни места и зголемување на продуктивноста во работниот процес. За таа цел го инициравме и една година го спроведувавме проектот „Македонија вработува“ кој го искористија 10.140 компании и вработија 19000 лица согласно сопствените потреби. Поттикнати од прифатеноста на проектот но и од реалните потреби кои сеуште ги имаат компаниите го стартуваме проектот „Македонија вработува 2“ кој ќе трае една година и е  поддржан од Организацијата на работодавачи, Бизнис конфедерацијата на Македонија и останатите социјални партнери, вели Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски во неговото обраќање објавено на веб страната на АВРМ.

Спасов: „Македонија вработува“ дава огромна поддршка за македонската економија

Спасов: „Македонија вработува“ дава огромна поддршка за македонската економија
Спасов: „Македонија вработува“ дава огромна поддршка за македонската економија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во рамки на гостувањето во вестите на Сител телевизија по повод отпочнувањето на реализацијата на проектот, говореше за придобивките од вториот дел на „Македонија вработува“, којшто, како што рече тој, дава огромна поддршка за македонската економија.

 

 

Со оглед на тоа дека првиот дел од овој проект, проектот „Македонија вработува 1“, даде исклучително добри резултати, вроди со плод и отвори нови 19.000 места и им помогна на над 10.140 компании да го зголемат бројот на вработени, а за сметка на тоа да заштедат значителни средства, сосема очекувано беше да продолжиме со негова реализација за отворање нови работни места со поддршка на македонските граѓани коишто бараат работа и со поддршка на македонските компании, потенцираше Спасов.

Ослободувањето од плаќање придонеси и персонален данок за првата категорија може да изнесува од 27 до 37 проценти од просечната бруто плата. Тоа во просек е околу 2.000 евра годишно намалување на трошоците што ги има една компанија за да отвори ново работно место преку проектот „Македонија вработува“.

Ако се земе предвид дека голем број на нови работни места се креираа преку првиот дел од проектот, финансиската поддршка којашто ја добива македонската економија преку само овој проект е огромна. Аплицирањето е сосема едноставно. Сите компании што се редовни сервисери на обврските кон државата и редовно плаќаат социјални придонеси за своите вработени, плати и даноци, може да аплицираат за овој проект едноставно со поднесување на барање до Агенцијата за вработување со селекција од листата на невработени лица коишто ги исполнуваат условите и со нивното пријавување добиваат потврда со ослободување од плаќање на придонеси, рече министерот.

Како што истакна Спасов, постоечките вработени во компанијата немаат потреба да се сомневаат дали ќе го задржат своето работно место, бидејќи само оние работодавачи кои не го намалиле бројот на вработени можат да ги искористат поволностите од проектот „Македонија вработува“.

Ова системско решение важи за сите компании коишто ги исполнуваат условите, како и за сите невработени лица кои влегуваат во петте категории на ранливи лица и невработени, односно според возраста, ќе се применува во период од 12 години, истакна Спасов и ги повика сите заинтересирани компании да се пријават и да аплицираат за оваа мерка.

Проектот „Македонија вработува“ за само една година ја намали невработеноста во Република Македонија за 2,8  проценти, заедно со сите останати сите мерки кои ги реализира Владата на Република Македонија за намалување на невработеноста.