Македонија

Почна реконструкцијата на патот кој ги поврзува Могила и Новаци

Почна реконструкцијата на патот кој ги поврзува Могила и Новаци

Започна реконтрукцијата на регионалниот пат Клепач-Новаци, кој ги поврзува општините Могила и Новаци.

Патот е долг 19 километри а инвестицијата е вредна 1,15 милиони евра.

novaci1

При последната посета на премиерот Груевски во општина Могила пред еден месец жителите побараа асфалтирање на овој патен правец. Тогаш премиерот заедно со министерот за транспорт Владо Мисајловски ветија дека оваа година ќе започне рехабилитацијата на овој правец, а денеска започна тоа ветување да се реализира.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈПДП Александар Стојанов и градоначалниците на Могила и Новаци, Стево Пивковски и Лазар Котевски го означија почетокот на рехабилитација на овој регионлен пат. Патот е долг 19,3 километри, а инвестицијата е вредна 1,15 милиони евра.

novaci2

-Многу ми е мило што после еден месец денеска сме повторно тука за да започнеме она што го ветивме пресд граѓаните. Започнуваме со рехабилитација на еден многу значаен патен правец во овој регион кој ќе биде од огромна корист за жителите од двете општини. Практично овој пат ги поврзува општините Могила и Новаци и миува низ неколку населени места..Се надевам дека со оваа инвестиција ќе го подобриме квалитетот на живот во овие општини бидејќи знаеме колку им значи овој пат на жителите, изјави Мисајловски.

Според динамиката на рехабилитација се планира овој пат да се заврши за 12 месеци.

-Покрај овој пат, во овој месец ќе започнеме со рехабилитација на уште 5 регионални патни правци со вкупна должина од над 50 километри и инвестиција од околу 10 милиони евра, изјави министерот Мисајловски.

lado

При посетата на Новаци, Мисајловски истакна дека за потребите на битолско поле се обезбедени 300 тони нафта за чистеее на коритото на река Црна за да се спречат евентуални поплави.

– Во завршна фаза е и проектираеето на свлечиштето што се јави на патот Битола -Новаци. Очекуваме и тоа набрзо да го санираме така да целосно сме посветени со инвестиции во патната инфраструктура во овој регион, изјави Александар Стојанов, директор на ЈПДП.