недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Почна Скопско лето 2016 (ФОТО)

Отворањето на Скопско лето 2016 го означи уште еден културен настан, со почеток во 20 часот во Национална галерија на Македонија „Чифте амам“, изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески.

Почна Скопско лето 2016 (ФОТО)

Почна Скопско лето 2016 (ФОТО)

Поврзани вести

На платото пред Македонската опера и балет, вчера вечерта со ГАЛА ОПЕРСКИОТ КОНЦЕРТ НА СОЛИСТИТЕ И ОРКЕСТАРОТ НА МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ, свечено беше отворено 37-то издание на СКОПСКО ЛЕТО, меѓународната културна манифестација, што традиционалано почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.

На свеченото отворање на 37 издание на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој официјално го прогласи за отворен.

skopsko leto4

– Со препознатлив ентузијам и посветеност, пред 37 години, на 21 јуни – календарскиот почеток на летото и Светскиот ден на музиката, Дирекцијата за култура и уметност ја започна долгата историја на “Скопско лето”. Веројатно неочекувајќи дека овој фестивал, и покрај упорноста и истрајноста, ќе прерасне во културно обележје и симбол на уметничкиот живот во нашиот град, ентузијастите на Дирекцијата ни докажуваат дека за уметноста не постои ни време ни простор како ограничувачки фактор. Во изминативе години, преку внимателно избрана програма на “Скопско лето”, настапија голем број изведувачи и ансамбли, понудувајќи и ја на љубителите на уметноста својата изведбена енергија во различни жанрови и уметнички правци во областа на музиката, театарот, филмот, литературата, ликовните уметности, како и мултимедијалните перформанси што им додаваат духовна содржина на отворените градски простори кои што вообичаено се користат за секојдневните потреби на граѓаните, како и простори наменети за настани од областа на културата, што во летниот период се незначително искористени. Постоењето на фестивалот „Скопско лето” е важно затоа што во текот на 40 дена, во веројатно најтоплиот период од годината, успева да го привлече вниманието на публиката што е гладна за уметнички настани, да задржи во градот значителна група скопјани, како и да го привлече вниманието на странските посетители, на градски локации со специфична историска и естетска вредност: од Матка до Марков манастир, од Старата скопска чаршија до падините на Водно, како и на веќе познатите простори за уметничка интерпретација. Всушност, Скопско лето дава исклучителен придонес кон богатата туристичка понуда на Скопје. И оваа година, програмите ќе се реализираат на 19 локации и простори во Скопје, како што се: театри, ликовни галерии, музеи, Старата скопска чаршија, Сули ан, Куршумли ан, централното градско подрачје и други кои што во квечерините на летото се претвораат во летни сцени, добивајќи нов лик и функција под закрила на една од деветте музи. Дел од програмите на Скопско лето, што особено радува, и оваа година ќе се одвиваат и на улиците и во објектите на Старата Скопска чаршија, односно во едни од најрепрезентативните објекти и споменици на културата во Скопје, по избор на менаџментот на фестивалот, но и како варијанти со задоволство прифатени од уметниците, а особено од публиката. Почитувани сограѓани, Ви пожелувам 40 пријатни летни вечери исполнети со уметност, а на организаторите им пожелувам уште едно успешно фестивалско издание – истакна градоначалникот Трајановски.

skopsko leto1

Отворањето на Скопско лето 2016 го означи уште еден културен настан,  со почеток во 20 часот во Национална галерија на Македонија „Чифте амам“, изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески.

skopsko leto2

Скопското лето веќе 37 години на нашиот град, во летниот период, му дава специјален мирис и арома со низа домашни и странски, премиерни и специјални проекти и гостувања, музички, театарски, филмски, ликовни и други естетски доживувања на скопските сцени и отворени простори.

Годинава „Скопско лето“, кое е во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, а покровители се Министерството за култура и Градот Скопје, ќе биде со богата програма, составена од 52 уметнички настани,  кои се од различен карактер и истите се составени од 19 музички настани-концерти, 10 ликовни изложби, 9 театарски претстави, 11 филмски проекции…

skopsko leto3

Градот Скопје ги поканува скопјани и гостите на Скопје да бидат дел од уште едно возбудливо издание на „Скопско лето“, кое е препознатлив културен белег на нашиот град и Република Македонија.

Најчитани вести