Магазин

Почна снимањето документарец за Влада Дивљан

Почна снимањето документарец за Влада Дивљан

Во саботата официјално почна снимањето на документарниот филм „Небесна тема“, за еден од најзначајните музичари Влада Дивљан.

Режисер и сценарист на филмот е Младен Матичевиќ. Аудио снимањето ќе трае до крајот на овој месец, а потоа ќе се снимат и слики.

Во филмот ќе учествуваат Зденко Колар, Дарко Рундек, Бајага, Светозар Цветковиќ, Срѓан Гојковиќ Гиле, Дина Дивљан, Душан Којиќ Која…

Премиера на филмот Небесна тема е планирана за наесен.