Почна снимањето на филмот „Тајната состојка“

Почна снимањето на филмот „Тајната состојка“
Почна снимањето на филмот „Тајната состојка“

Во депото на Македонски железници во Скопје денеска почна снимањето на долгометражниот игран филм „Тајната состојка“ по сценарио и во режија на Ѓорче Ставрески, пишува МИА.

Трагикомичната приказна за еден млад човек кој сака да му помогне на својот татко ќе се снима во следните шест недели на повеќе локации во Скопје – депото на Железница, кампот на езерото Треска, стан во населбата Автокоманда, Луна парк итн.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Симо Бранов, костимограф Раде Василев, а композитор Бранислав Николов. Продуценти на филмот се Емилија Чочкова и Ѓорче Ставрески.

Филмот „Тајната состојка“ е во продукција на „Фрагмент филм“ и веќе во фазата на развој освои повеќе домашни и меѓународни награди: номинација за VFF Highlight Pitch Award на филмскиот фестивал во Берлин, EAVE награда на фестивалот во Трст и најдобро сценарио во Скрипт корнер програмата на фестивалот „Браќа Манаки“во Битола. 

Тајната состојка“е дебитантско долгометражно остварување на Ставрески и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија