Почнаа подготовките на младата македонска кошаркарска репрезентација

Почнаа подготовките на младата македонска кошаркарска репрезентација
Почнаа подготовките на младата македонска кошаркарска репрезентација
Со двата тренинга кои беа сработени вчера во малата сала на СЦ „Кале’’ во Скопје, започнаа подготовките на младата кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години.

Селекторот Љупчо Малинков на првите тренинзи на располагање имаше 15 од 20-мината повикани репрезенативци, а недоставуваа интернационалците, Хот, Магдевски, Мамузиќ, Двојаковски, Димитријевиќ.

Во стручниот штаб на селекцијата до 20 години покрај селекторот Малинков се и неговите помошници Перо Блажевски, Трајче Богданоски и советникот Маријан Лазовски (поранешен селектор на сениорката репрезентација).

Младите македонски кошаркари летово ќе учествуваат на Европското прветсво, дивизиј „Б’’, што ќе се одржи во Халкида, Грција.